Управата за јавни приходи ù оддаде признание на компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје за искажан висок степен на даночна култура во 2020 година. Признанието кое се однесува на редовно сервисирање на даночните обврски, што е од исклучителна важност за стабилноста и ликвидноста на државниот буџет, УЈП го доделува на компании со висока даночна култура во рамките на одбележувањето на 29ти ноември – Денот на даночните работници.
Компанијата Филип Морис ТКП, како заедничка компанија на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп во целост ги применува и следи принципите на работа на ФМИ кои меѓу другото подразбираат општествена одговорност, строго почитување на даночните прописи и редовното сервисирање на сите обврски кон државата, но и кон деловните партнери. При доделување на признанието Михаел Солтер, Генералниот директор на ФМТКП истакна дека улогата на УЈП е многу значајна и нагласи дека Филип Морис применува високи стандарди на работа и бара од компаниите со кои соработува да ги исполнуваат истите тие стандарди, меѓу другото и во поглед на исполнувањето на даночните обврски. Нагласи и дека Филип Морис гледа на УЈП како партнер во поглед на решавање на прашања поврзани со даночното работење. Денот на даночните работници се одбележува од 1997 година со цел да се даде внимание на даночните работници од Управата за јавни приходи, Царинската управа и други даночни служби во обезбедувањето финансиски средства за функционирање на државата.
Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, одбележувањето на прaзникот се организира онлајн, а компаниите кои добија вакво признание имаа средба со директорката на УЈП, г-ѓа Сања Лукаревска.