Поранешната водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска во моментов паузира од телевизиските ангажмани, бидејќи е бремена и го очекува своето прво дете.
Таа сга првпат на социјалните мрежи објави фотографија од трудничкото стомаче.
„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.
Александра е во брак со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да се земат.