По повод Денот на независноста на Република Албанија денеска се реализираше видео средба на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Косово и Албанија, Бујар Османи, Мелиза Харадинај–Стубла и Гент Цакај.
– Упатувајќи срдечни честитки до албанскиот хомолог Цакај, на овој убав настан за државата Албанија и албанските граѓани, министрите Османи и Харадинај-Стубла, искажаа задоволство за степенот на соработка меѓу трите пријателски држави и взаемната посветеност на градење на добрососедски односи, како гаранција за стабилна и просперитетна европска иднина на регионот во целост, соопшти Министерството за надворешни работи.
Соговорниците се сложиле за важноста да се продолжи со позитивниот тренд во односите и соработката, потенцирајќи дека солидарноста, меѓусебното разбирање и поддршката се темели врз кои може да се градат долгорочни хармонични односи и партнерство.