Во Техеран денеска се одржа протест во врска со убиството на истакнатиот ирански научник и експерт за нуклеарно оружје Мохсен Фахризадех, на кој демонстрантите ги запалија знамињата на Израел и САД.
Околу стотина луѓе се собраа пред иранското Министерство за надворешни работи. Тие извикуваа пароли против САД и Израел и бараа одмазда. Беа истакнати транспаренти со написи „Ќе продолжиме со нуклеарната научна патека“, „Контролорите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се агенти на Мосад“.