Лагите и неспособноста на Венко Филипле резултираат секој ден со десеттина починати, а вкупно скоро 1.700 починати.
Македонија е на врвот на европската листа по број на почнати на милион жители или на петто место.
На светската ранг листа од 220 земји повторно сме на врвот по починати на милион жители или на 13 место.
Македонија е на дно во Европа по број на направени тестови.
И додека во другите земји во Европа се тестирало од минимум 20 проценти до 60 на населението, бројката на тестирани во Македонија е само околу 15 проценти од населението.
Во меѓувреме Филипче ладнокрвно вели „епидемијата го достигна пикот сега се се смирува“.
За какво смирување зборува Филипче?!
Граѓаните молат за термин за тестирање бидејќи нема доволно тестови, граѓаните молат за прием во болница, чекаат по ходници, а ако бидат хоспитализирани добиваат третман во крајно нехумани услови, нема кислород, нема кревети.
И не само што нема услови, секој ден има се повеќе заразен медицински кадар, нема кој да се грижи веќе за болните!
Статистичките податоци сервирани од Филипче никогаш не ја прикажуваат бројката на асимптоматски пациенти, како и бројот на инфицираниот здравствен персонал.
Знае ли Филипче каде недостасува кадар зошто е инфициран, може ли да ја пополни таа празнина?
Знае ли Филипче зошто се инфицира па превземе соодветни мерки?
Филипче знае само да бега од одговори.
Филипче знае само да ги брани погубните политики на премиерот во заминување Зоран Заев.
Поради сите лаги и пропусти кои се плаќаат со човечки животи, Филипче оставка веднаш!