Осуден криминалец од Скопје за кого судот издал потерница, од денеска ја издржува казната во Затворот во Идризово.
Од МВР соопштија дека во 13:05 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага на уллицата „Алексо Демниевски” во Скопје врз основа на издадена потерница од Основен суд -Скопје 1 го приведоа Д.Б. (36) од Скопје за издржување на казна затвор од две години. Лицето е предадено на КПУ-Затвор Идризово.