Манчестер сити во 10. коло од Премиер лигата го одигра најдобриот натпревар досега и на „Етихад“ со убедливи 5:0 го совлада Барнли.
Натпреварот го одбележа фантастичниот Ријад Марез кој постигна хет-трик. Поранешниот фудбалер на Лестер го отвори гол шоуто на „граѓаните“ со два гола, првиот го постигна во шестата минута по асистенцијата на Кевин де Брујне, а вториот го даде во 22. минута.
Третиот гол во првото полувреме беше дело на Менди кој ја искористи одличната асистенција на Де Брујне и го постигна првиот гол уште од сезоната 2015/2016 кога настапуваше за Олимпик Марсеј.
Во второто полувреме, Феран Торес во 67. минута зголеми на 4:0, а конечниот резултат го постави Марез само две минути подоцна.
Со оваа победа Манчестер сити се искачи на осмото место на табелата со 15 бода, шест помалку од моментниот лидер Ливерпул, додека Барнли со пет бода се наоѓа на 17. место на табелата.