Косовскиот публицист и политичар Ветон Сурои повеќе не е почесен граѓанин на северниот албански град Кукс.
Советот на општината, чии членови се целосно од редовите на владејачките социјалисти, одлучи да ја му одземе титулата „почесен граѓанин” која му беше доделена во 2015 година „за посебен придонес во областа на медиумите и политиката за време на кризата во 1999 година и прогласувањето независност на Косово”.
Сега социјалистите од Кукс титулата му ја одземаат со образолжение дека тој презел медиумска и политичка кампања против Ослободителната војска на Косово.
-Тој презеде политичка и медиумска кампања против Ослободителната војска на Косово. Како можеме да дозволиме да ја има таа чест да биде почесен граѓанин на Кукс. Не само што му ја одземаме титулата туку треба да го однесеме на суд. Тој постојано зборува против она за што ја доби честа на округот од нас. Во спротивност е со нас, со Косово, тој и понатаму да биде почесен граѓанин, изјави Сафет Ѓици, претседател на Советот.
Според него одлуката е донесена на барае на 57 семејства на паднати борци на ОВК.
На оваа одлука на Советот на Кукс, реагираше премиерот и лидер на социјалистите, Еди Рама, оценувајќи ја истата како „колективна грешка” и побара од префектот на Кукс да ја отфрли ваквата одлука.