Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 62 милиони, а последните милион лица се заразени за помалку од два дена, јави Worldometers.
Бројот на лица заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата веќе изнесува 62.004.949, а како последица на инфекцијата умреле 1.449.308 лица, додека 42.798.107 пациенти се опоравиле.
Во светот во моментов има 17.757.534 активни случаи на инфицирани.
Водечка земја според бројот на заразени се уште се САД со 13.454.346 случаи, пред Индија со 9.351.224 и Бразил, каде што од почетокот на пандемијата се разболеле 6.238.350 лица.
Европска земја со најголем број на заразени е Русија со потврдени 2.215.533 случаи на коронавирус, по што следи Франција, каде од почетокот на пандемијата се заразени 2.196.119 лица.