Поголемиот дел од Австралија е погоден од топлотен бран со температури од над 40 степении Целзиусови.
Во Порт Аугуст и Кубер Педи, во јужниот дел на Австралија вчера се измерени 46 степени, а и денеска се бележат високи температури.
Во Аделејд Хилс прогласен е екстремен ризик од шумски пожари. Во вчерашниот пожар северно од Аделејд Хилс изгореа 650 хектари шума.
Во западните и крајбрежните области на австралиската држава Нов Јужен Велс температуирата на воздухот денеска надмина над 40 степени Целзиусови.
Во поголемиот дел на Сиднеј регистрирана е температура од 40 степени, а на аеродромот измерени се 41,7степени Целзиусови.