Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како исчезнати во градот Бити во провинцијата Нуоро.
Според весникот „Ла Република“, жртвите се постара двојка и еден локален земјоделец кој бил заробен во камион.Овој регион беше погоден од силен ветер и силен дожд во петокот, што доведе до прекин на електричната енергија и телефонските линии.