Германија денеска упати апел до сите страни да покажат воздржаност по убиството на шефот на иранската програма за ннуклеарно вооружување Мохсен Фахризаде и да се избегне ескалација на тензиите.
– Неколку недели пред стапување на американската администрација на должност, важно е да се зачува простор за разговори со Иран, за да може да се реши спорот за иранската нуклеарна програма по пат на преговори. поради тоа Германија ги повикува сите страни да се воздражат од чекори што би довеле до понатамошна ескалација на ситуацијата.
Фахризаде е убиен вчера во близина на Техеран. Иранскиот претседател Хасан Рохани за убиството го обвини Израел и најави одмазда.