Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик – Доста беше омраза!

Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, напиша вечерва на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

Додава дека единствената разлика не е идентитетската, туку и таа во однос на различните погледи на светот.

-Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.

Доста беше омраза!, нагласува Заев во својот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/66035312931/posts/10159229355042932/?d=n

Треба да знаете
Последни објави