Новиот Централен одбор на Социјалдемократската младина на Македонија денеска одржа прва седница на која беа донесени одлуки за избор на ИО, генерален секретар и потпретседатели.
Пред две недели на 23-та Изборна дигитална Конференција на СДММ за претседате беше избран Марко Михајловски.
За потпретседатели на СДММ се избрани Александар Саша Димитријевиќ од Скопје, Ана Манасиева од Делчево, Никола Јакимовски од Крива Паланка и Марија Иванова од Струмица.
Гордан Шутаров е избран за нов генерален секретар на СДММ.