По повод вчерашното и денешно меѓусебно протерување на амбасадорите од Србија и Црна Гора, Европската комисија истакнува дека добрососедските односи се основа за напредокот на земјите на патот кон членство во ЕУ.
Почитувањето на добрососедските односи е камен-темелник на процесот на проширување, придружување и стабилизација. И Србија и Црна Гора добро напредуваат на евроинтеграцискиот пат, сооошти Комисијата.
Земјите-членки на ЕУ, утре, на седница на амбасадорско ниво треба да се договорат за годишните заклучоци за земјите од процесот за проширување, што ќе се усвојат на Советот на минситри за општи работи на 8 декември.