Наполи го доби дербито против Рома со убедливи 4-0, кое беше во знакот на Диего Марадона. Се оддаваа почасти за починатата клупска легенда и фудбалска икона, па така фудбалерите на Гатузо беа максимално инспирирани да триумфираа на „Диего Армандо Марадона“.
Домаќините настапија во дресови, посебно дизајнирани во стилот на „Гучосите“, а во чест на Марадона, чие име од денеска го носи стадионот во Неапол.
Дебаклот врз Римската волчица го почна капитенот Инсиње со фантастичен погодок од слободен удар во 30-тата минута, додека останатите голови се случија по еден час игра.
Руис со шут од далечина го совлада Миранте, а по влегувањето во игра во 78-та минута, Елиф Елмас максимално ги искористи минутите. Веќе во првата акција во која се најде, Елмас шутираше од околу 20 метри, а одбиената топка ја стигна Мертенс за зголемување на 3-0, додека во 87-та минута Политано го постави конечниот резултат.
Наполи на тој начин закрепна по поразот од Милан и го запиша шестиот триумф во Серија А, по кој застана на петтото место со 17 бода, израмнувајќи се со Рома.