Општинската организација на Црвен крст денеска заврши со распределбата на комплети сликовници за деца од социјално ранливи семејства од општините Дебар и Центар Жупа.
Претходно комплети сликовцини беа доставени во детската градинака „Брешија” која е единствена установа од овој вид во ова подрачје.
-Наши активисти во деновите од оваа седмица непрекнато беа ангажрани и распределија 575 комплети сликовници. Пооделено 325 на деца од социјално ранливи семејства од двете општини, додека 250 за библиотеката на детската градинка. Сликовниците се наменети за деца од три до седум години и имаат за цел поттикнување на читањето кај децата и на тој начин да се придонесе за нивниот понатамошен развој, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.
Додава дека сликовниците се обезбедени во рамки на соработката помеѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија и Светска банка.
Опечатени се на македонски, албански, турски и ромски и во зависност за каква заедница станува збор на таков јазик се делеле и сликовниците.