(Видео) Грожан има мали изгореници на екстремитетите

Францускиот возач во Формула 1, Ромен Грожан, кој попладнево имаше страшна несреќа на трката во Бахреин, според првичните информации се здоби со изгореници на рацете и нозете.

https://youtu.be/QVVGyKudeJ4?t=15

– Ромен е во ред, не сакам да дадам медицински коментар, но имаше лесни изгореници на рацете и глуждовите. Очигледно е потресен … Сакам да им се заблагодарам на спасувачките екипи кои беа многу брзи. Редарите и луѓето на ФИА завршија одлична работа, беше страшно, како претпазливост и за понатамошно медицинско набљудување, нашиот пилот ќе биде префрлен во болница, соопштија од тимот Хас.

Трката во Бахреин која беше прекината по самиот старт, во моментов е прекината поради санација на заштитната ограда на местото каде удри болидот на Грожан.

Треба да знаете
Последни објави