ВМРО-ДМНЕ најави дека утре ќе протестира во 11 градови.
„Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата“, се вели во повикот.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните во 18:00 часот на протест во 11 градови. „Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!“, се вели во соопштението.