Вчера во 16.00 часот во СВР Куманово, Х.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на фудбалски стадион „Башкими“, на полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Башкими“ од Куманово и ФК „Њустарс“ од Скопје, каде што бил делегиран за главен судија, бил физички нападнат од повеќе лица. Според пријавеното, по завршување на првото полувреме, кога тој и судиите помошници влегле во просториите на соблекувалната, до него се доближило едно повозрасно лице и му се заканувало, по што физички го нападнало, а во нападот се приклучиле и други лица. По добиена пријава на местото на настанот дошле полициски службеници и Х.Б. и другите судии излегле од стадионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.