Вчера во 13.45 часот во СВР Штип, Д.Ј.(53) пријавил дека едно лице платило со фалсификувана банкнота од 20 евра во продавницата во која работел.
Според пријавата, тој ја примил банкнотата, а откако лицето излегло забележал дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пред неколку дена беа приведени неколку малолетници од Делчево кои се осомничени дека фалсификувале банкноти од 50 евра.