Манчестер јунајтед во едно полувреме од негатива од два гола успеа да слави против Саутхемпон со 3-2 на гостувањето на „Сент Мери“. Оваа победа на избраниците на Оле Гунар Солскјер е посебна од три причини, а за тоа најголема заслуга има искусниот Кавани кој учествуваше во сите три погодоци (2 гола и 1 асистенција).
Имено, Манчестер јунајтед е првиот клуб во Премиер лигата кој остварил четири последователни победи на гости, а при тоа прв примал гол. Исто така Црвените ѓаволи поставија рекорд за осум последователни гостински победи.
Кога станува збор за пресвртите, најмногу победи (10) со пресврт, Јунајтед има остварено токму против Светците, односно го израмни клупскиот рекорд од 10 победи со пресврт над Њукасл.