Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило” во соработка со Општина Кисела Вода спроведува голема акција за зазаленување на новиот парк во урбаната заедница „11 Октомври – бараки”, лоциран до железничките пруги и трим патеката, соопшти Општина Кисела Вода.
Во следните неколку дена, како што информираат, на површина од 16 илјади метри квадратни ќе бидат засадени околу 500 садници. Паркот ќе биде збогатен со грмушки и два вида на дрва од родот костени и сорбуси. Дрвата кои се садат се со висина од два до четири метри.
Додаваат дека нa средината на овој месец, Ротаракт клуб – Скопје заедно со Општината, на празната површина до паркот во УЗ „11 Октомври – бараки” засади 100 шест годишни дрва.
– Општина Кисела Вода ќе продолжи да вложува напори за зазеленување на сите празни површини, се вели во соопштението.