На синоќешниот фудбалски натпревар во Аргентина меѓу Бока јуниорс – Њувелс Олд Бојс (2-0), се беше во знакот на Диего Марадина, иуако се играше без навивачи на трибините, на стадионот „Ла Бомбонера“. Трибините беа декорирани со голем број на транспаренти посветени на Марадона, а играчите на Бока носеа ретро дресови на кои пишуваше „Марадона“.
Ќерка на починатиот фудбалски ас Марадона, Далма во живо го следеше овој мечот. Бока јуниорс беше омилениот клуб на Марадона. Тој на стадионот „Ла Бомбонера“ имаше посебен бокс од каде често со својата ќерка ги гледаше мечевите. Овој пат таа беше сама, со нејзиниот сопруг.
Maradona presente.
Falta al minuto 10. Golazo de tiro libre de Edwin Cardona. La celebración de Boca y el llanto de Dalma. pic.twitter.com/Ap6SZEBiaQ
— Rodolfo Landeros (@RodolfoLanderos) November 29, 2020