Руските власти пријавија 26.338 нови случаи на коронавирус, вклучувајќи 6.511 во Москва и 3.691 во Санкт Петербург.
Вкупниот број на случаи во Русија од почетокот на пандемијата се искачи на 2.295.654.
Во последните 24 часа од последици од Ковид-19 починале 368 лица, а досега, според официјалните податоци, починале вкупно 39.895 лица.
Во Москва е отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа и покрај брзото ширење на коронавирусот во Русија, објави новинската агенција dpa.
Лизгалиштето од 20.000 квадратни метри е отворено во изложбениот и забавен парк ВДНХ, но со одредени ограничувања поради Ковид-19.
Во следните недели, московјаните ќе можат да лизгаат во многу други паркови во градот, но со нови правила: нивната температура ќе се мери пред да влезат во лизгалиштето и оние што имаат повисока температура нема да можат да влезат, а ќе биде задолжително да носат заштитна маска.
Москва воведе и други нови мерки на лизгалиштето за да спречи ширење на вирусот, вклучително и продажба на билети преку интернет и ограничување на бројот на лизгачи.