Одложувањето на Олимписките игри ќе ја чини Јапонија три милијарди долари

Едногодишното одложување на Олимписките игри во Токио се проценува дека ја чини Јапонија 300 милијарди јени (2,9 милијарди долари), вклучувајќи 100 милијарди јени за борба против новиот коронавирус, објавија локалните медиуми.
Локалниот организациски комитет на владите на Токио и Јапонија ќе одлучат како да го поделат тој финансиски товар.

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека ќе покрие дел од трошоците предизвикани од доцнењето, но сè уште не објави детали. Пред да одлучат во март да ги одложат игрите за една година, очекуваните трошоци за одржување на Олимписките игри во Токио се проценуваа на 1,35 милијарди јени (до 12 милијарди долари).

Организаторите, градската и централната влада во среда треба да објават извештај за преземените мерки за борба против Ковид-19, објави „Кјодо њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Трошоците за спроведување на овие мерки ќе вклучуваат здравствена инфраструктура како систем за тестирање и набавка на потребната опрема за да се спречи ширењето на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави