Тимот на Арсенал се наоѓа во сериозна резултатска криза, а тоа се потврди и вчеравечер кога „топчиите” загубија на домашен терен од Вулверхемптон со 2:1.
Претходно Арсенал загуби од Астон Вила (3:0), Лестер (1:0) и Манчестер сити (1:0), со Лидс ремизираше (0:0), а го победи само Манчестер јунајтед (1:0).
За избраниците на тренерот Микел Артета ова е четврти пораз на последните шест натпревари од Премиер лигата, со само една победа во овој период.
Во следното коло, Арсенал ќе играат на гости против Тотенхем, лидерот во Премиер лигата.