Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 анализа, рече дека со оглед на тешката ситуација со пандемијата која предизвикува економска неизвесност, владата со ребалансот директно насочи 470 милиони евра кон граѓаните за да се зголеми економската активност, да им се помогне во ова време. „Очекуваме 2021 година да можеме да продолжиме со нормален тек. И во оваа година капиталните инвестиции се двиежа без одреден застој и останаа средства за реализиација за она што имаше добар тек. Не правевме кратење на проектите каде имаше добра реализација и така ќе биде наредната година.“ – рече Бочварски.