Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј го поздрави потегот на српската Влада да ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата.
– Ја повикувам Црна Гора да го направи истото, напиша синоќа Вархеј на Твитер.
Тој нагласи дека добрососедските односи и регионалната соработка се основа за процесите на проширување, стабилизација и асоцијација.
Србија го прекина гостопримството на амбасадорот на Црна Гора, откако Црна Гора претходно го прогласи српскиот амбасадор во Подгорица за „персона нон грата”.
Српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека тоа е сторено согласно членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од владините претставници да ја преиспитаат таквата одлука во желба Србија уште еднаш да подаде рака на соработка и пријателство, бидејќи „на регионот му е доволно од конфликти”.