Дефокусот на СДСМ од прашањето за што преговара Заев со Софија нема да успее.
Македонската јавност не ја интересира ништо друго туку што Зоран Заев наново удоволува на софиските политичари, што договорил да стои во новиот договор, односно анекс, дали прифаќа дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, или дека Бугарија не била дел од фашистичката оска од 1941 до 1944?
Талат Џафери мора да го повика Зоран Заев на седница на парламентот, а тој мора да се појави пред пратениците и на јавна седница за јавноста да ги изложи своите ставови. Се поинаку е кревање и потврдување на сомнежите во јавноста дека македонскиот јазик и македонската посебност се на продажба.