Елмас пред дербито со Рома дознал лоша вест

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас од редовите на италјанскиот калчолигаш Наполи со болка во душата ги одиграл последните 13 минути на дербито со Рома кое го добија убедливо со 4:0 како домаќини. За само малку време колку доби шанса од тренерот Џенаро Гатузо да мине на теренот Елмас успеа да биде асистент на третиот гол за својот тим кој го постигна Мертенс.

Според информацијата на „infosport.mk“, Елмас пред натпреварот со Рома дознал дека починал неговиот дедо. Денеска Елмас добил дозвола да пристигне во Скопје за погребот на неговиот дедо со кого бил многу близок.

Треба да знаете
Последни објави