Народот се буди и нема отстапки. Вечерва ВМРО-ДПМНЕ протестира во 11 градови низ државата. Во Кратово и Крива Паланка народот масовно излезе на улиците да го покаже незадоволството од владеењето на СДСМ и мафијата на власт. Велат дошле да ја одбранат Македонија од душманите од оние кои не и мислат добро на државата, а тоа е токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Викендов Заев зедно со бугарските власти ќе разговараат за распарчување на Македонија, ние тоа нема да го дозволиме, порачаа граѓаните.
-Сакаат да го продадат Гоце, за да склучат уште некоја зделка за производство на марихуана или некоја друга бизнис зделка. Ние тоа нема да го дозволиме. Досра е веќе! Напушете ја Владата и ослободете го Собранието и Судот. Неспособни сте, и тоа го видовме овие четири години додека си игравте држава. Преку глава му е на народот од вашите погрешни и антидржавни политики. Веднаш оставка! Бараме оставка на Заев и неговата криминална власт и слобода за народот!, бараат жителите на Кратово и крива Паланка.
Учесниците на протестот во одделни обраќања побараа веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.