Семејството и пријателите на 29-годишниот фудбалер Ѓорге Џонов од Валандово бараат помош за негово лекување и престој во Турција која чини 100.000 евра. Оваа сума за фудбалерот и неговото семејство е недостижна, за како што велат, „за неговиот најважен натпревар во животот“.
Џонов е поранешен првотомец на кратовскиот прволигаш Силекс на кого неодамна му беше дијагностициран канцер на белите дробови.
За неговото лекување може да се помогне директно на жиро-сметка или, пак, преку донациските броеви 143 460 (А1) или 143 113 (Телеком).
Се моли секој кој може да помогне во лекувањето на младото момче во неговата битка со болеста.