„Не e време за умирање“ може да освои награда пред да се појави во коносалите

На филмскиот пазар каде премиерата на дваесет и петтиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ беше одложена двапати, секоја шанса филмот да освои награда во 2021 година е прилично уништена.

Но, последното појавување на Даниел Крејг како 007 сепак може да добие едно посебно признание, и тоа може да се случи неколку месеци пред пуштање на филмот. Продуцентите можат да ѝ се заблагодарат на Били Ајлиш за ова, бидејќи таа доби номинацијата за „Греми“ за нејзината насловна песна.

Како што беше најавено од „Рекординг академи“- американска академија на музичари, продуценти и други музички професионалци – (Recording Academy), воведната нумера на Ајлиш за No Time To Die е номинирана за „Најдобра песна напишана за визуелни медиуми“ на 63. Греми-награди. Наградите треба да се одржат на 31-ви јануари, што е само на два месеци пред премиерата на филмот.

Додека композиторот Ханс Зимер можеби помислуваше дека објавувањето на синглот на Били Ајлиш се случи во најлошото можно време од животниот циклус на филмот, No Time To Die сега има шанса да освои трофеј пред јавноста да го види филмот.

Треба да знаете
Последни објави