Првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Џорџ Френдо ја доби битката со коронавирусот.
Веста лично ја објави на Фејсбук, со најава дека се надева дека мисата следната недела ќе ја одржи во Тирана.
-Му благодарам на Бога што наскоро ќе се вратам меѓу моето стадо. Далеку од стадото се чувствував како глава без тело. Мило ми е што можам да се радувам на моето враќање, на подготовката за Божик, заедно со мојот народ. Овој период беше болно искуство за мене. Сепак, се чувствував поблиску до Исус, кој, од својата љубов кон нас, ја прифати болката за нашето закрепнување. И се чувствував поблиску до оние кои деновиве страдаат од иста болест, напиша монсињор Френдо.
Тиранскиот бискуп и тиранско – драчки епарх, воедно и Претседател на епископската конференција на Албанија, монсињор Џорџ Ентони Френдо (74), откако му беше дијагностициран Ковид-19, беше хоспитализиран во болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана, за да на 12 ноември биде префлен на лекување во Италија.
Деновиве битката со коронаврусот ја доби и поглаварот на Албанската автоќефална црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос.