Црн рекорд во Хрватска со починати 74 лица од коронавирусот за еден ден

Во последните 24 часа забележани се 1.830 нови позитивни случаи на ковид-19, со тоа што бројот на активни случаи во Хрватска денеска се искачи на 21.457 лица. На болничко лекување има 2.358 пациенти, од кои 255 лица се приклучени на респираторна машина.

Во последните 24 чаа починаа 74 лица, што е убедливо најголем број на мртви во еден ден досега во оваа земја.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирусот во Хрватска, до денеска вкупно се заболени 128.442 лица, од кои 1.786 го загубија животот, a оздравени се 105.199 лица.

До денеска вкупно се тестирани 749.346 лица, од кои 5.027 во последните 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави