Во третиот квартал во однос на вториот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8 проценти, трошоците за материјали се пониски за 0,4 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од годинава, во споредба со третото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,1 процент, трошоците за материјали се пониски за 2,6 проценти и трошоците за вработените се повисоки за 9,4 проценти.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.