Француското Министерство за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 4.005 новозаразени и 406 смртни случаи меѓу пациенти со Ковид-19.
Во извештајот на француското Министерство се вели дека ноември е месецот со најголем, рекорден број од 854.863 нови, потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.
Во Франција досега се евидентирани вкупно 2,22 милиони заразени со Ковид-19 и 52.325 смртни случаи.