“Ве известуваме дека денеска, 01.12.2020 (вторник), со почеток во 15:25 часот, премиерот Зоран Заев ќе учествува на отворањето на Самитот „Македонија 2025″, кој ќе се пренесува во живо на Националниот телевизиски сервис.
На првиот ден од Самитот, на панел сесија на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ”, премиерот Заев ќе дебатира заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, а најавено е и онлајн вклучување на Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во земјава.
Годишниот деветти Самит „Македонија 2025″ ќе се одржи во хибриден формат, од 01-03 декември 2020 година. Повеќе информации за Самитот може да погледнете на следниот линк: https://www.macedonia2025.com/summit/