Поради постојаните обвинувања за изборна кражба на претседателските избори во 2020 година, од страна на Доналд Трамп и неговиот правен тим, наводно ФБИ се вклучило во целиот случај. Според Спутник, Федералното биро за истраги побарало независни истражни досиеја со кои се докажува дека луѓе гласале во повеќе држави.
Конзервативниот законски непрофитен проект „Амистад“, заедно со проектот „Интегритет на изборот“ предводен од Мет Брејнард, поранешен аналитичар на податоци во кампањата на Трамп за 2016 година, собираат докази за наводна измама на гласачите од Демократската партија, што што се прегледуваат стотици илјади потенцијално „проблематични гласачки ливчиња“, а сега од ФБИ се заинтересирале за наодите од истрагата, пишуваат медиумите.
Мет Брејнард, кој неодамна објави дека неговата истрага дошла до докази дека луше гласале „во повеќе држави“, на на 29 ноември на Твитер објави дека ФБИ „проактивно и директно“ побарало докази од истрагата.
Брејнард, водачот на тимот за податоците за кампањата на Трамп за 2016 година до неговото заминување во март истата година, рече дека во ФБИ има „многу патриоти“ кои сакаат да ги заштитат „Уставот, законот и редот“.