Седумкратниот шампион во „најбрзиот циркус“ – Формула 1, Британецот Луис Хамилтон нема да се појави на патеката за Големата награда на Сахир, во Бахреин бидејќи е позитивен на коронавирус.
Британецот е третиот возач во Формула 1 сезоната која има позитивен тест на коронавирусот, откако пред него трките од истата причина ги пропуштија и Серхио Перес (Силверстоун) и Ленс (Строл).
Тимот на Мерцедес се очекува експресно да реагира и објави кој ќе биде замена за Хамилтон на трката во Сахир. За да може да се врати на патеките потребен му е негативен тест и поради тоа под знак прашање е неговиот настап и на последната трката сезонава која треба да се вози во Абу Даби.
Луис Хамилтон веќе ја обезбеди новата титула во конкуренција на возачи бидејќи има 131 поен повеќе од второпласираниот, клупскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.