Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави за Си-ен-ен дека мора да има стандарди на меѓународно однесување за да се исклучат атентатите, реагирајќи на убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде.
Впдотелот Џим Скито рече: „Иран е главна тема, особено откако беше убиен нивниот врвен научник. Овој атентат го нарековте многу непромислен. Иран го обвинува Израел, велејќи дека тука има поддршка од САД. Се прашувам, зошто е ова непромислено според вас?“.
Бренан рече: „Па, мислам дека видовме дека Иран ќе се чувствува должен, како и во минатото, да изврши одмазнички напад. Особено во претседателска транзиција кога треба да бидеме сигурни дека оваа администрација не презема ништо за да го наруши пристапот на следната администрација кон овие многу предизвикувачки прашања.
Затоа, верувам дека мора да има стандарди на меѓународно однесување за да се исклучат атентатите. Значи, верувам дека е несовесно затоа што, повторно, може да предизвика ирански одговор што може да прерасне во не само засилена регионална напнатост, туку и во можна конфронтација “.
Скито рече: „Дали верувате дека ова е намерен обид на администрацијата на Трамп да ги врзе рацете на администрацијата на Бајден, на пример, за можноста за повторно вклучување во иранскиот нуклеарен договор?“
Бренан рече: „Не знам кој е одговорен за овој атентат. Но верувам дека западните демократии, како и земјите во светот, не треба да се вклучуваат во атентати. Не знам дали администрацијата на Трамп била свесна за тоа однапред или дала некаков вид поддршка. Но, ова е нешто што треба да го осуди меѓународната заедница.
Ако Иранците извршат ваков напад против израелски научник во рамките на Израел, ќе има осуда. Значи, мислам дека ова оди подалеку од она што може да се очекува и што треба да се очекува од земјите во денешно време“.