Поранешниот премиер и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, откако Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција, објави „360 степени“.
Бучковски во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.
Бучковски, универзитетски професор по Римско право, сега е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет УниБИТ, а исто така е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет .
По неодамнешното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кое предизвика лавина реакции во јавноста, Бучковски му даде отворена поддршка на својот некогашен сопартиец и соработник, посочувајќи дека тој „од петни жили“ се бори за евроинтеграцијата на С Македонија.