Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска под мотото: „Оставка на Заев, слобода на народот. Протест сега за да не биде предоцна”. одржа протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи, на кој побара оставка од премиерот Зоран Заев поради како што наведуваат, тајните преговори со Софија за деблокада на пристапните преговори со ЕУ.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски.на протестот изјави дека ова се историски моменти за нашиот народ, нација и за македонската држава, кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа, вели, навистина овој пат трреба да реагираме одлучно.
-Во минатото често пати повторувавме дека не треба да се потпишуваат договори на егзибиционистички начин, чија содржина наместо да биде решение ќе претствува проблем. Тоа го зборувавме и кога се потпишуваше Договот за пријателство со соседна Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ и другите влади во минатото преговарале да постигнат некој ваков договор, но буквално ниту една влада не потпиша договор со таква содржина бидејќи вие ако во договорот ставите нешто со што се оспорува потеклото и коренот на вашиот јазик, со кој се оспоруваат историските факти и тоа биде критертиум за понатамошно ваше полноправно членство во ЕУ, тоа не е договор и тоа никогаш нема да претставува договор кој што ќе ја донесе Македонија во рамки на обединета Европа и да биде дел од европското семјество, туку напоротив, тоа претставува алатка на тие кои се внатре континуирано да вршат терор врз македонскиот народ и македонската нација и македонската држава, рече Мицкоски
Според него, за жал тоа не успеал да го види Зоран Заев, кој е вели, политички аматер кој може да потпише ваков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот за полноправно членство во рамки на ЕУ..
-Жалам што денеска ние наместо да зборуваме за вештачка интелигенција, за поквалитено образование, поконкурентен здравствен систем и за млади кои тука ќе ја градат својата иднина, ние денеска зборуваме за исполнуваање на елеменатрното човеково право. а тоа е правото на самооптределување. Гласот од страна на меѓународната заедница е таков дека работи за кои не треба да се преговара треба да останат надвор од процесот интеграција на Македонија во рамките на ЕУ како што е идентитетот, нација, обичаите, историја, јазикот итн. За жал овие понизни и сервилни политики на Владата на Заев не доведоа во една ваква ситуација кога треба да бираме помежу асимилација или интеграција. Затоа час поскоро оставка, рече Мицкоски и најави и утре нов протест за оставка на Заев.
Потпретседателот на партијата Александар Николовски пред присутните изјави дека постои јасен политички национален континуитет за изградба на македонската држава и иднина на Македонија и од тоа, вели, отстапување нема, за ова изговори нема, тоа е факт јасен и познат од сите.
-Бараме оставка. Овие денови преговараа, тајно патуваа за Софија, таму преговараа за работи за кои не се преговара. Во исто време ги повикувам земјите членки на ЕУ и европските институции да определат датум за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, но и да се заштити македонскиот национален идентитет, затоа што целиот процес на интеграција ќе има смисла само доколку Македонија напредува и оди напред, ако Македонците патуваат гордо и достоинствено, а тоа значи зачувување на македонскиот јазик, држава, култура, почит на македонската историја и државност, рече Николовски.
Фото: Слободан Ѓуриќ