Д-р Докиќ: Кај некои лица доаѓа до оштетување на капиларите насекаде во организмот, пред сè на белите дробови, на срцето и мозокот

Пулмологот Дејан Докиќ во денешното гостување на ТВ 21 говореше за состојбата со ковид-пациентите кои доаѓаат во болниците и кои треба да се сметаат за потенцијално ризични пациенти.

 

-Пациентите кои доаѓаат на прием во болница имаат ниска сатурација на кислород и тие треба да се сметаат за ризични. Зошто е тоа така, не може да се каже-вели д-р Докиќ.

Тој истакнува дека кога има голем број на ковид – тестирања, нормално е да има и поголем број на заразени и на починати лица.

-Лицата со ниска сатурација веднаш треба да се стават на висок проток на кислород, тие имаат проблеми со респираторниот систем. Друга група на луѓе имаат проблем со коагулација, кај нив веднаш се зголемуваат вредностите на дидајмерот, настанува коагулација на крвта. Значи  оштетување на калиларите насекаде во организмот, пред сè на белите дробови, во срцето, затоа н екои добиваат инфаркти, потоа во мозокот, може да имаат клиничка слика на мозочен удар или белодробна емболија- вели Докиќ.

Треба да знаете
Последни објави