На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип по судска наредба и решение од Основен суд Штип, приведен е 17- годишник, поради сомнение дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.
Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово.
Се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник.