Албанскиот претседател, Илир Мета коментирајќи ја изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, дека не ветува оти Албанија ќе може да ги отпочне преговорите со ЕУ, рече кажа дека и тој предупредувал на тоа.
Изјавата на Меркел тој ја оцени како „омекнат дипломатски речник”.
Сепак, Мета вели дека не се обложувал дали ќе се случи или не оваа година, но потсетува дека предупредил дека преговорите нема да бидат отворени затоа што условите барани од неговата земја не биле исполнети.
-Реков дека нема отворање на преговори и јасно покажав што треба да се направи. Оваа изјава на канцеларката е омекнат дипломатски речник, но мислам дека позициите беа јасни дури и од претставникот на Бундестагот за Балканот, г-дин Вадефул. Условите беа тука , не сакавме да ги исполниме. Сакам да потсетам дека претседателот направи се за да Албанија ги исполни условите, рече Мета.
Додаде дека на кулминацијата на полтичката криза во земјата минатиот мај, две институции понудиле медијација -Бундестагот и лично тој.
-Бундестагот, понуди подготвеност за медијација и јасно стави до знаење дека со еднопартиски избори позицијата на Албанија ќе биде уште полоша и институцијата претседател, која ја презеде иницијативата и реализира лидерска средба, нагласи Мета.
На вчерашната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент, канцеларката Меркел, рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на Меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, додека за Албанија не може да вети, односно дека Албанија ќе мора да почека.