Индискиот премиер Нарендра Моди денеска посети три објекти за развој и производство на вакцини, при што во во две од нив се развива вакцина против Ковид-19, а во третата е предвидено да бидат произведени милијарди дози вакцина.
– Индија не само што го предводи светот во истражувањата за вакцина, туку ќе игра и клучна улога во светското производство на вакцини. Во борбата против пандемијата, Индија стана светска аптека, констатираше Моди.
Тој рече дека за Индија вакцините не се само од клучна важност за зачувување на здравјето, туку се и глобално добро. Потенцираше дека должност на Индија е да им помогне на другите земји, вклучувајќи ги и соседните, во колективната борба против коронавирусот. ссм/
Индија со вирусот досега се справува подобро од повеќето земји, со само 6.731 заразен на милион жители и 98 смртни случаи на милион жители.