Бројот на невработени во Германија неочекувано опадна во ноември, и покрај мерките за делумно затворање на земјата со цел да се спречи вториот бран на коронавирус во најголемата економија во Европа.
Германското Министерство за труд денеска соопшти дека бројот на невработени лица паднал за 39.000, според сезонски прилагодените податоци, на 2.817 милиони.
Стапката на невработеност падна на 6,1 процент од 6,2 проценти во октомври, што е најниско ниво од април.
Бројот на лица опфатени со програми со скратено работно време, со што пазарот на трудот се штити од пандемијата, падна на 2,22 милиони во ноември во однос на околу 2,6 милиони претходниот месец, додека на врвот на пандемијата во април беше речиси шест милиони.