Додека спортската јавност во светот сеуште се присетува и простува од фудбалскиот уметник, Диего Армандо Марадона кој во средата почина во својата 60 година од животот како последица на срцев удар, почна најмачниот дел околу распределба на наследството кој во Аргентина веќе го нарекоа „теленовела“. Станува збор за богатството кое го остави Диего Армандо Марадона, иако на банкарското салдо има само 100.000 долари. Специјализираните интернет страници за финансии проценуваат дека Марадона во текот на животот заработил околу 500 милиони долари од кои најголем дел ги потрошил на недвижнини, автомобили, кокаин и проститутки, но и дека во моментот на смртта тоа изнесува околу 75 милиони долари.
Оваа прогноза ја даде новинарот на „Кларин“, весник кој екслузивно ја објави веста за смртта на Марадона, притоа порачувајќи дека дури сега започнува вистинска „сапуница за Марадона“.
Диего Марадона зад себе остави пет деца кои ги призна од еден брак и три врски и кои се родени од 1986 до 2013 година, но уште четири жени тврдат дека со славниот фудбалер имаат вкупно шест деца од кои четири се на Куба и сметаат дека им следува дел од имотот. За наследството на Марадона ќе се борат 11 деца и осум жени.
Најпознати се ќерките Џанина (34) и Далма (31), а тука е и Диего Јуниор (34), Јана (25) и Диего Фернандо (7).
Новинарот на „Кларин“ истакнува дека децата на Марадона се во лоши меѓусебни односи, а „најборбени“ се трите ќерки Џанина, Далма и Јана со кои легендарниот фудбалер имал и најдобар однос. Тие постојано беа во комуникација со личниот доктор Леополд Луке кои ги известувал за здравствената состојба. Сепак, во целата приказна ќе се вклулчат и непризнаените деца кои сакаат да дојдат до дел од наследството, а едно од нив бараше да се откопа телото на Марадона за да се докаже дека тој му е татко. Интересно е што ова не е крај на сапуницата бидејќи адвокатот Матијас Морла е сопственик на правата на брендот Марадона во Аргентина и САД.
Според шпанска „Марка“ имотот кој Марадона го остави зад себе и импозантен, фабрика за тестенини во Венецуела, луксузен хотел во Хавана, Куба како и пет недвижнини на елитни локации во Буенос Аирес.